
Популарната македонска пејачка Калиопи Букле преку емотивна објава на социјалните мрежи се збогуваше со својот долгогодишен колега и близок пријател Владо Јаневски, кој почина вечерва по кратко боледување.
Калиопи, која со Јаневски ја имаше и познатата заедничка соработка во песната „Во светот на бајките“, со неверување се огласи по трагичната вест.
„Ох…Охх,ох, оххх….. Си замина тивко, без поздрав…. Токму кога најдобрите се најпотребни, ти заминуваш…. Ми беше другар, а јас твојата Каља, како што милуваше да ме викаш…“, напиша Калиопи.
Пејачката во својата куса, но потресна порака истакна дека нивното пријателство и поврзаност надминуваат многу граници.
„Многу нешта споделивме во овој живот и во следниот повторно ќе се најдеме…. НЕКОГАШ И НЕГДЕ…..“, додава таа во емотивниот статус.





