дома Магазин Последно збогум за Владо Јаневски во среда на гробиштата во Бутел крај...

Последно збогум за Владо Јаневски во среда на гробиштата во Бутел крај Скопје

Семејството на Владо Јаневски ја информираше јавноста за терминот и местото на последното збогување со познатиот македонски музичар, кој почина на 66-годишна возраст.

Сите кои ќе сакаат да му оддадат последна почит на Владо Јаневски ќе можат тоа да го направат во среда (1 јули) во капелата на Градските гробишта во Бутел, во периодот од 10 до 11 часот.

Погребот ќе се изврши веднаш потоа на гробиштата во Бутел.

Со неговото заминување, македонската музичка сцена загуби еден од своите најзначајни автори и изведувачи, чии песни ќе продолжат да живеат и да бидат дел од колективната меморија на многу генерации.

ПредходнаВЛАДА: Има договор за ресорите, за персоналните решенија утре, а за директорите од септември
СледнаПритвор од 30 дена за сопругот кој ја уби сопругата од скопски Таор