дома Македонија Притвор бара Обвинителството за сопругот од скопско Таор

Притвор бара Обвинителството за сопругот од скопско Таор

Притвор бара Обвинителството за сопругот од скопско Таор кој се сомничи дека ја убил сопругата.

Обвинителството денеска излезе со детали за случајот. На 25 јуни, во атарот на селото Летевци, при вршење семејно насилство, тој со умисла ја лишил од живот неговата сопруга. Осомничениот вечерта со автомобил ја зел жената од нејзиното работно место, ја однел во тешко пристапен терен каде физички ја нападнал. Со дел од неговото тело силно ја притиснал на вратот, а истовремено и ги држел затворени устата и носот за да не може да дише. Жртвата пружала отпор и се бранела, но не успеала да се оттргне и се задушила и починала на лице место. Осомничениот го скрил нејзиното тело под гранки помеѓу дрвја, а утредента во полиција пријавил дека неговата сопруга е исчезната.                                                     На 27 јуни, на тројца познаници им кажал дека знае каде се наоѓа жената, бидејќи му се појавила во сон и му кажала каде да оди за да ја спаси. Сите со возило се упатиле кон локацијата каде го забележале телото на жената и пријавиле во полиција.

ПредходнаЕдно лице загина во пукотница во близина на фан-зона во Сан Хозе, Калифорнија
Следна