дома Локално Топло уште денес, од утре попладне заладување

Топло уште денес, од утре попладне заладување

Под влијание на топла воздушна маса од југ, топлото време ќе се задржи до утре. За денеска се најавува многу топло време со дневните температури до 39-тиот степен.

Утринските температури ќе се движат од 14 до 21, а дневните од 31 до 39 степени.

Во Скопје, од утринава ќе биде топло до 21 степен, а во текот на денот температурата ќе достигне до 38 степени.

Високи температури ќе се задржат и во текот на ноќните часови.

Веќе од утре попладне под влијание на циклонска активност се најавува промена на времето со повремени врнежи од дожд. Од среда се очекува мал пад на дневната температура и локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер и појава на град. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец, кој од четврток ќе биде поизразен долж Повардарието и повремено наместа ќе надминува брзина од 50 km/h.

ПредходнаПо кратко боледување вечерва почина Владо Јаневски
СледнаДенес ќе бидат познати годинашните младенци на Галичка свадба