дома Македонија Гаши во Грузија на средби со државниот врв и учество на Пролетната...

Гаши во Грузија на средби со државниот врв и учество на Пролетната сесија на ПАБСЕК

Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска и утре ќе биде во посета на Грузија. Посетата се реализира на покана на неговиот грузиски колега Шалва Папуашвили.

Гаши ќе има средби и со претседателот на Грузија, Микеил Кавелашвили и со премиерот Иракли Кобахидзе.

Во рамки на посетата, претседателот на македонското Собрание ќе се обрати и на Пролетната сесија на 67. Генерално Собрание на Парламентарното Собрание на Црноморската економска соработка (ПАБСЕК).

ПредходнаФилипче: 10.000 амадмани спремни, нема да дозволиме изборна кражба
СледнаУште денес топло, од вечер до сабота дожд и пад на температурите