дома Локално Нов пожар кај Визбегово, густ црн чад повторно се шири над Скопје

Нов пожар кај Визбегово, густ црн чад повторно се шири над Скопје

Скопје денеска повторно се соочува со сериозно загадување откако во околината на Визбегово избувна нов пожар, при што густ црн чад повторно се прошири над делови од главниот град и беше видлив од повеќе населби.

Според првичните информации, пожарот најпрво бил пријавен како запалена сува трева, но ситуацијата брзо почнала да се влошува откако огнот започнал да се шири во правец кон куќи во реонот кај Џиди Комерц, на подрачјето на Шуто Оризари.

Неофицијално, според првичните информации од терен, во пожарот гори поголема количина отпад, што е причина за густите облаци црн чад кои повторно се издигнаа над градот.

Во овој момент нема официјални информации дали има повредени лица или материјална штета на објекти во непосредна близина на пожарот.

За случајот веднаш е известена Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, чии екипи се упатени на терен и работат на локализирање на огнот.

Станува збор за втор ден по ред како пожар во овој дел од Скопје создава сериозни проблеми, додека граѓаните преку социјалните мрежи објавуваат снимки и фотографии од чадот кој повторно го прекри дел од градот.

Надлежните засега не соопштуваат повеќе детали за причините поради кои избувнал пожарот, ниту дали постои опасност неговото ширење дополнително да ја загрози околната населба.

ПредходнаЛЕВИЦА :„За Изборниот законик немаше усогласен консензус- да нема дилеми!
СледнаЈакимовски на 2 јули нема да оди во затвор, судија ја проверува медицинската документација