Четири лица се удавиле во Полска во последните 24 часа, со што бројот на жртви од давење од почетокот на јуни се искачи на 61, објави денес полската полиција.
Полицијата ги предупреди граѓаните на социјалната мрежа X да бидат внимателни кога се на вода, нагласувајќи дека многу трагедии можат да се спречат со одговорно однесување.
„Водата е сила на природата – момент на невнимание може да заврши со трагедија. Секоја година се случуваат давења што може да се спречат. Грижете се за сопствената безбедност и безбедноста на другите. Вашата разумност може да спаси живот“, соопшти полицијата, според агенцијата ПАП.
Голем дел од Полска е погоден од топлотен бран, а Националниот институт за метеорологија и управување со водите издаде предупредувања од втор и трет степен поради високите температури, кои би можеле да достигнат 37 степени Целзиусови во некои делови од земјата.
Метеоролозите, исто така, предупредија на можноста за силни бури со обилни врнежи од дожд и налети на ветер до 100 километри на час во некои региони од земјата.




