Бројот на ирански кибер напади врз Израел нагло се зголеми од почетокот на заедничката американско-израелска офанзива против Исламската република оваа година, изјави Јоси Каради, генерален директор на Националната дирекција за кибербезбедност на Израел, цитиран од Ројтерс.
Тој посочи дека во јуни 2025 година, за време на израелските воени операции против Иран, израелските власти регистрирале околу 1.600 непријателски сајбер инциденти.
Во истиот месец од 2026 година, нивниот број пораснал на околу 4.800.
„Некои од овие групи се исклучително добро подготвени“, забележа Каради. „Можеме да се справиме со нив, но мора да ги сфатиме многу сериозно. За разлика од борбените операции на терен, нема примирје во киберпросторот.“
„Досега – и се надевам дека така ќе остане – успеваме да ги одбиеме нападите врз критичната инфраструктура“, рече Каради.
Според него , компаниите чии системи биле полесни за хакирање честопати завршувале со целосно избришани компјутерски системи.
Иран традиционално негираше дека стои зад хакерските кампањи против други земји, додека пријавуваше сајбер напади врз сопствените системи.




