Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, во понеделник изјави дека комунизмот претставува најголема закана за Америка, објави АП.

Коментирајќи ги забелешките на градоначалникот на Њујорк, Зоран Мамдани, кој тврдеше дека повеќе кандидати од демократскиот социјалистички камп би можеле да бидат избрани низ целата земја, Трамп инсистираше дека „ова не е социјализам, ова е вистински комунизам“.
„Тие го користат зборот „социјалдемократ“ затоа што звучи толку убаво, но всушност станува збор за комунизам “, нагласи американскиот претседател.
Трамп им рече на новинарите во Белата куќа дека демократскиот социјализам што го заговара Мамдани „во суштина носи комунизам“ во Соединетите Држави, нагласувајќи дека „никогаш немало нешто толку опасно“.
Трамп ја смета оваа идеологија за поопасна од терористичките напади од 11 септември и од двете светски војни.
„Мислам дека ова е веројатно најсериозната закана со која се соочила нашата земја во целата своја историја.“
„Полошо од Првата светска војна, Втората светска војна, терористичките напади од 11 септември, нападот врз Перл Харбор. (…) Толку лесно им е да победат на избори затоа што им ветуваат на луѓето многу бесплатни работи. Лесно им е да привлечат поддржувачи со давање нереални ветувања“, рече американскиот претседател.




