дома Свет Балкан Вирусот Денга по Македонија пристигнуваа и во Бугарија

Вирусот Денга по Македонија пристигнуваа и во Бугарија

 Мигрантите не само што си ги носат навиките туку дефинитивно и вирусите.Таа евтина работна сила нечујно менува и заканувачки работи.И не се само тие, туку и  туристите кои љубат егзотичните тропски места, фрустрацијата  да се отпатува што подалеку , без да се размислува за ризиците, исто така е сериозна провокација и опасност од пренесување на овој тип на вируси. Секако најсуштински се и климатските промени .Случаите на денга треска и други болести што се пренесуваат преку комарци нагло се зголемуваат во Европа, бидејќи климатските промени создаваат поповолни услови за ширење на инвазивни инсекти

  Минатата година, над 700 случаи на западнонилска треска беа регистрирани во 9 земји од ЕУ.

Таа објасни дека тропските комарци пренесуваат вирусни трески и дека овие болести можат да се внесат   преку болни пациенти. Еден од овие тропски комарци веќе е распространет низ цела Европа, истакна проф. Христова.

Таа, исто така, ги повика луѓето со рани да не влегуваат во морето, како и оние со свежи тетоважи, бидејќи постои опасна бактерија која „живее“ во посолени води. 

Денга вирусот и во Македонија, симптоми и како се пренесува

Здравствената агенција на Европската унија предупредува дека случаите на денга треска и други болести што се пренесуваат преку комарци нагло се зголемуваат во Европа, бидејќи климатските промени создаваат поповолни услови за ширење на инвазивни инсекти. Ова го објави БТА.

Во 2023 година, во земјите-членки на ЕУ, Исланд, Лихтенштајн и Норвешка, кои се дел од Европскиот економски простор (ЕЕА), регистрирани се 130 случаи на локална денга треска . За споредба, во 2022 година имало само 71 случај.

Ова е „значително зголемување“ во споредба со периодот 2010-2021 година, кога беа регистрирани вкупно 73 случаи, соопшти Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC) во соопштение за медиумите. Бројот на увезени случаи, исто така, се зголеми на 1.572 во 2022 година и 4.900 во 2023 година. Ова е највисоко ниво откако Европа започна со следење во 2008 година.

„Европа сега е свесна дека климатските промени создаваат поповолни услови за инвазивните комарци да се шират во претходно незасегнатите области и да заразат повеќе луѓе со болести како што е денгата“, изјави директорката на ECDC, Андреа Амон.

Дополнително, 713 локални случаи и 67 смртни случаи од Западнонилска треска се пријавени во 123 региони на девет земји од ЕУ во 2023 година. Иако овој број е помал од 1.133 случаи пријавени во 2022 година, бројот на погодени региони е најголем од 2018 година.

ПредходнаЦУК: До 18:00 часот регистрирани 11 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, а 10 изгаснати
СледнаФановите ќе се простат од Владо Јаневски: Собир пред арената „Борис Трајковски“