Премиерот Христијан Мицкоски информира дека денеска заедно со министрите во Владата одржале брифинг со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија и им ги соопштиле достигнувањата во реализацијата на Реформската агенда и приоритетите во евроинтеграцискиот процес на државата.

„Разговаравме за досега постигнатите резултати, тековните активности и следните чекори за исполнување на реформските обврски. Заеднички ја потврдивме важноста од континуирана соработка, транспарентен дијалог и ефикасно спроведување на реформите што ќе придонесат за посилни институции, подобро владеење и забрзување на европскиот пат на Македонија“, информира премиерот.
Мицкоски додава дека Владата и натаму останува посветена на реформите кои, како што вели, носат конкретни придобивки за граѓаните и ја зацврстуваат европската перспектива на државата.




