Преку ден многу топло, а од вечерва промена на времето со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Температурите во текот на денот ќе достигнат од 30 до 39 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.

Во Скопје, максималната температура ќе биде до 37-тиот степен.
Променливото време со дожд и грмежи ќе се задржи до сабота. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град.
Пад на температурите се очекува веќе од утре а особено за време на викендот кога синоптичарите најавуваат умерен до засилен северен ветер.




