дома Магазин Фановите ќе се простат од Владо Јаневски: Собир пред арената „Борис...

Фановите ќе се простат од Владо Јаневски: Собир пред арената „Борис Трајковски“

Денеска(30 јуни) од 20 часот, на платото пред арената „Борис Трајковски“ ќе се организира настан во чест на кантавторот Владо Јаневски, кој почина вчера (28 јуни) по кусо боледување во Скопје, објави продукцијата „Прагма“.

 

 

„Ќе се собереме за последен пат да му оддадеме почит на Владо Јаневски. Нека неговите песни одекнат уште еднаш, нека светлината од свеќите биде нашето ‘благодарам’, а нашето присуство доказ дека големите уметници никогаш не се забораваат. Ги повикуваме сите што го сакаа, почитуваа и растеа со неговата музика да ни се придружат. Да го испратиме достоинствено, со песна, со тишина и со љубов. Затоа што легендите никогаш не умираат. Тие засекогаш остануваат во срцата на својот народ“, порачаа од продукцијата.

Владо Јаневски почина на 28 јуни по кратко боледување, оставајќи зад себе богата музичка кариера и песни кои со децении се дел од македонската музичка сцена. Собирот пред арената „Борис Трајковски“ ќе биде можност неговите почитувачи заеднички да му оддадат последна почит.

ПредходнаВирусот Денга по Македонија пристигнуваа и во Бугарија
СледнаОд еколошки протест до криза на политичкиот систем