дома Свет Речиси две илјади загинати во Венецуела. Сè уште се наоѓаат луѓе под...

Речиси две илјади загинати во Венецуела. Сè уште се наоѓаат луѓе под урнатините

Бројот на жртви од двата земјотреси што ја погодија Венецуела минатата среда сега изнесува 1.943, изјави претседателот на Националното собрание Хорхе Родригез, додавајќи дека бројот на повредени речиси се дуплирал на 10.571, а спасувачките екипи сè уште пронаоѓаат луѓе под урнатините.

Бројот на жртви продолжува да расте

Во понеделник, бројот на жртви од земјотресот беше 1.719. Првиот земјотрес во Венецуела со магнитуда од 7,2 степени се случи во 18:04 часот по локално време минатата среда, околу 200 километри западно од Каракас.

Потоа следел втор земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала на 45 километри оддалеченост, а потоа и серија последователни потреси.

Земјотресот со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала беше најсилниот во последните повеќе од 100 години, според податоците на Американскиот геолошки завод (USGS).

ПредходнаСерија влажни бранови носат нестабилно време со дожд и грмежи
СледнаДефект ќе остави без вода дел од Карпош