дома Свет Неколку лица загинаа во пожар во Антверпен, Белгија

Неколку лица загинаа во пожар во Антверпен, Белгија

Неколку лица загинаа во пожар што избувна денес во станбена зграда во белгискиот град Антверпен, соопшти денес локалната полиција, но не го прецизираше точниот број на жртви.
Противпожарната служба доби повик кратко пред 10 часот наутро и реагираше на пожар на осмиот кат од десеткатна зграда во населбата Линкеовер во Антверпен.
Во пожарот имаше и повредени, но не беше прецизирано колку.
Зградата, во која живеат повеќе од 200 луѓе, е евакуирана.

ПредходнаСите форми на екстремизам се зајакнаа во Германија
СледнаНема договор за изборен законик. СДСМ ,ЛДП и Левица го блокира ВМРО ДПМНЕ