Тетовец возел со брзина двојно поголема од дозволената на автопатот Гостивар – Тетово. Приведен е кај клучката Боговиње вчера околу 18 часот.
– Денеска (01.07.2026) во 18:00 часот на патот Гостивар-Тетово поточно на клучка Боговиње од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи на МВР со специјално возило пресретнувач беше измерена возило со брзина од 177 км/ч каде брзината на движење е ограничена со сообраќаен знак на 80 км/ч, соопшти МВР.
По насоки на јавен обвинител К.Б. е лишен од слобода и против него ќе бидат преземени соодветни санкции по чл.297-а од Кривичниот законик.




