дома Култура Фотоизложба на Андонов и Неделчевски во Мала Станица

Фотоизложба на Андонов и Неделчевски во Мала Станица

Вечерва (2 јули) во 19 часот, во Мала станица, објект на Националната галерија на Македонија, ќе се отвори фотоизложба на Зоран Андонов и Драги Неделчевски насловена „Два погледа на документарната фотографија“, што е дел од содржините на Скопско лето. Куратор на изложбата е Александар Кондев.

Андонов и Неделчевски се фотографи од Тетово со долгогодишни кариери. Андонов е и постојан дописник на САКАМДАКАЖАМ.МК од Тетово како новинар и фоторепортер.

„Изложбата на Андонов и Неделчевски претставува две различни, но длабоко поврзани визии на документарната фотографија. Низ фотографии создадени во текот на повеќе децении, Андонов ги бележи ритамот на јавниот живот и колективните ритуали, додека Неделчевски го насочува погледот кон тивките, секојдневни сцени исполнети со лична и поетска атмосфера. Две различни авторски перспективи, што заедно создаваат интимен и искрен визуелен дијалог за времето, животот и погледот кон светот“, велат од Скопско лето.

Од 20:30 часот, во Музејот на македонската борба за самостојност ќе се одржи концертот „Кларинет во придружен гудачки квартет“. Изведувачи се: Бранко Павловски – кларинет, Камелија Дуковска-Зефиќ – прва виолина, Бранислав Автовски – втора виолина, Марија Димитријевиќ – виола и Енис Аљи – виолончело.

ПредходнаIISS: Русија ги следела европските нуклеарни објекти со беспилотни летала 18 месеци
Следна„Дама со девет камења“ ја отвора Битола: изложба на Иванчо Талевски во Нова сцена