дома Македонија Економија Божиновска: Зелената транзиција е најсилното оружје за конкурентна економија – одржливоста веќе...

Божиновска: Зелената транзиција е најсилното оружје за конкурентна економија – одржливоста веќе не е избор, туку предуслов за успех

 Одржливоста денес не е само еколошка цел, туку еден од најважните економски предуслови за развој, конкурентност и сигурност на домашните компании. Пред само неколку години на зелената транзиција се гледаше како на дополнителен трошок, а денес е најдобрата инвестиција што една компанија може да ја направи.

Божиновска: Зелената транзиција е најсилното оружје за конкурентна економија – одржливоста веќе не е избор, туку предуслов за успехКомпаниите што вложуваат во енергетска ефикасност, обновливи извори и нови технологии ќе бидат компаниите што утре ќе извезуваат повеќе, ќе привлекуваат повеќе инвестиции и ќе отвораат нови работни места, рече денеска министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска на панел-дискусијата „Институционална и правна рамка што поддржува одржливи корпоративни практики“.

Таа нагласи дека Министерството ја поставува зелената транзиција како двигател на економскиот развој, создавајќи стабилна, транспарентна и европски усогласена регулатива која ќе им овозможи на компаниите сигурно да инвестираат и да планираат долгорочно.Божиновска потсети дека новиот Закон за енергетика веќе воспоставува современа рамка усогласена со европското законодавство, додека Законот за обновливи извори на енергија е една од најзначајните енергетски реформи во последните децении.

 

ПредходнаФилипче: СДСМ ќе остане конструктивна за Изборниот законик, но не по цена да отвори врата за изборен грабеж