дома Македонија Црна хроника Безживотно тело доцна синоќа е извлечено од водите на Вардар

Безживотно тело доцна синоќа е извлечено од водите на Вардар

Безживотно тело доцна синоќа е извлечено од водите на Вардар, информираат од Центарот за управување со кризи.

„РЦУК – Велес, не известува дека исчезнато лице во водите на река Вардар во с.Црвени Брегови-општина Неготино. Интервенираа ТППЕ Неготино со 7 пожарникари и екипа на ПС Неготино. Во 20.20 часот во близина на сепарацијата во Црвени Брегови во р.Вардар пронајдено е безживотно тело и истото е предадено на обдукција“, велат надлежните за Пресс24.

Според добиените податоци се работи за машко лице на 76 годишна возраст од Неготино.

ПредходнаБелгиска компанија му подари на Трамп прстен полн со дијаманти. Тој неодамна ги укина царините за нив.
СледнаВучевиќ најавува избори на есен: СНС сè уште нема претседателски кандидат