дома Македонија Економија Зголемување до 2,5 денари за дизелот и околу денар за бензините

Зголемување до 2,5 денари за дизелот и околу денар за бензините

  Очекувам да имаме зголемување од околу 2 до 2,5 денари за литар за дизел горивото и околу денар за бензините. Но, да почекаме утре Регулаторната комисија да ги каже последните бројки, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Мицкоски: Очекувам зголемување до 2,5 денари за дизелот и околу денар за бензините, но повторно остануваме држава со најниски цени Како што рече,  има зголемување на цената на нафтата од околу 5-6 проценти на светските берзи во текот на минатата седмица и благо зголемување на цената на бензините за 2 до 3 проценти.

-Но, и покрај тоа што станува збор за берзански производ, повторно остануваме убедливо држава со најниски цени на дизел горивата и на бензините, додаде претседателот на Владата одговарајќи на новинарски прашања по поставување камен-темелник на изградба на објект во рамки на Спортскиот центар „Јасминʼʼ во Кавадарци.

ПредходнаФБИ заплени повеќе од 600 дронови во близина на местата на Светското првенство
СледнаИгор Ивановски и “Реформаторите“ се екс функционери поради кои СДСМ ја изгуби власта