Центарот за управување со кризи информира дека во изминатото деноноќие до 07:30 часот биле регистрирани 17 пожари од кои еден е под контрола, а останатите се изгаснати.

Под контрола е пожарот над селото Белица на границата со Јасен каде гори борова шума и ниска вегетација.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов вчера информираше дека пожарот е на тепко пристапен терен.




