Пожарот кај „Рампа“ е ставен под контрола. Еден пожарникар е повреден при интервеницијата и пренесен на клиника.

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски во објава на Фејсбук вели дека благодарение на брзата реакција на пожарникарите спречено е ширење на пожарот на околните објекти.
– Ова е уште еден доказ колку е важна Противпожарната бригада и колку секојдневно пожарникарите го ризикуваат сопствениот живот за да ги заштитат граѓаните. Токму затоа, нашите заложби за модернизација на Бригадата, нова опрема, подобри услови и поголема безбедност за пожарникарите се наша обврска. Длабок поклон до сите пожарникари за брзата реакција, професионалноста, храброста и посветеноста, напиша Ѓорѓиевски во објавата.





