Преку програмата „Месеци на практикантство“, која ќе се спроведува во соработка со државните универзитети, според најавите на владејачката партија, студентите ќе имаат можност да се вклучат во работата на општинските администрации

Агенцијата ИНОВА ќе го координира вклучувањето на студентите, додека Министерството за локална самоуправа, преку Ресурсниот центар за поддршка на општините и меморандум за соработка со универзитетите, ќе ја организира практичната работа согласно потребите на општините
Од владејачката ВМРО-ДПМНЕ денеска соопштија дека Владата, преку Министерството за локална самоуправа и Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво (ИНОВА), започнува со реализација на нова програма за вклучување на младите во работата на општините.
Преку неа, студентите ќе имаат можност да се вклучат во работата на општинските администрации.
Агенцијата ИНОВА ќе го координира вклучувањето на студентите, додека Министерството за локална самоуправа, преку Ресурсниот центар за поддршка на општините и меморандум за соработка со универзитетите, ќе ја организира практичната работа согласно потребите на општините.
„Додека СДС со години само зборуваа за младите, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ презема конкретни чекори што отвораат можности и перспективи во Македонија“,се вели во соопштението од партијата.
Покрај ова, од ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека преку грант-програмите на ИНОВА ќе бидат поддржани стартапи, иновативни компании и претприемачи за развој на решенија за општините.
Во соопштението се наведува дека Владата презема конкретни мерки за подобрување на можностите за младите, како и за поврзување на локалната самоуправа, универзитетите, иновативниот сектор и бизнис-заедницата.




