Бројот на жртви од двата земјотреси во Венецуела се искачи на 3.342, соопшти во неделата венецуелското Министерство за информации.

Бројот на повредени достигна 16.470, додека бројот на луѓе што останаа без покрив над главата скокна на 17.345.
Првиот земјотрес во Венецуела, со јачина од 7,2 степени, се случи на 24 јуни, околу 200 километри западно од Каракас.
Потоа следеше втор земјотрес со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала на 45 километри оддалеченост, по што следеа серија последователни потреси.
Земјотресот со јачина од 7,5 степени според Рихтеровата скала беше најсилниот во последните повеќе од 100 години, според Американскиот геолошки завод (USGS).
Претходно во неделата, во говорот по повод 215-годишнината од Денот на независноста на Венецуела, привремената претседателка Делси Родригез ги бранеше постапките на владата по двата земјотреси, во услови на растечко незадоволство од одговорот на државата на катастрофата, кој многумина го сметаат за задоцнет и недоволен.
Родригез изјави дека веднаш ги испратила безбедносните служби во акција и најавила формирање нова воена единица за помош во вонредни ситуации и катастрофи.




