дома Локално Сончево и топло, попладне наместа дожд

Сончево и топло, попладне наместа дожд

На почетокот на новата работна недела ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне се најавува изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Утринските температури ќе бидат во интервал од 9 до 19, а дневните од 26 до 34 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 32 степена.

До крајот на работната недела и на почетокот на викендот, претпладне ќе биде промелниво облачно со сончеви периоди, а попладне ќе има услови за појава на локална нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи, особено во вторник. Дневната температура ќе биде во пораст.

ПредходнаПетровска: Јас сум социјалдемократ и по убедување и по дејствување
СледнаМасовен руски напад врз Киев, се шират морничави снимки