Пратеничката на СДСМ Јована Тренчевска по средбата во Собранието за измените и дополнувањата на Изборниот законик на прес-конференција изјави дека денеска двата модели што ги предложила власта за гласање на дијаспората, електронски и поштенски, биле за изборна манипулација.
– Нема што СДСМ да се договара со опозицијата. Проблемот е кај власта, кај Мицкоски кој сака да манипулира со 200 илјади гласови – рече Тренчевска.
Според неа, на Владата не и важна реформската агендам туку тоа е само изговор и алиби дека ништо немаат исполнето од потребните реформи во евроинтеграцискиот процес.
Тренечвска рече дела тие ја губат поддршката од граѓаните, и затоа измислуваат изговори и модели само да ја исполнат целта – да отворат простор за изборен инженеринг.
– Прво беше електронско гласање, откако не им помина, гласање по пошта – и двата модели по нивна мерка за совршена кражба на гласови. Овие одредби треба да почнат да се применуваат дури од изборите во 2029 година. Значи има доволно време да се изгради сериозен, сигурен и кредибилен модел, низ широка јавна дебата, политички консензус – рече Тренчевска.




