дома Македонија Во Брвеница вонредни избори за градоначалник

Во Брвеница вонредни избори за градоначалник

Владата донесе одлука за претстанок на мандатот на градоначалникот на Брвеница Јовица Илиевски кој ненадејно почина.
Согласно законските прописи, во оваа општина ќе бидат распишани нови избори за градоначалник.
            Министерството за локална самоуправа, по претходно добиено известување од претседателот на Советот на Општина Брвеница, ја започна постапката поради настапување на законски предвидена околност што доведува до предвремен престанок на мандатот на градоначалникот по сила на закон. Согласно Законот за локалната самоуправа, Министерството е должно во рок од 15 дена од приемот на известувањето да ја информира Владата за настапувањето на овој законски основ, по што Владата, во рок од 30 дена, ја започнува постапката за распишување на нови избори за градоначалник, изјави денеска владината портпаролка Марија Митева.

ПредходнаЛевица прифаќа гласање на дијаспората по пошта ако се прифати барањето за една изборна единица
СледнаОд својата фирма префрлале пари на блиски лица, извлекле над 1,2 милиони евра, па ја однеле во стечај