дома Македонија Политика Македонија на Самитот на НАТО: Во Анкара отпатува највисока државна делегација

Македонија на Самитот на НАТО: Во Анкара отпатува највисока државна делегација

Во Анкара денеска и утре се одржува Самитот на Северноатлантската алијанса, на кој Северна Македонија ќе учествува со висока воена државна делегација.

Во делегацијата се министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, како и началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски. Таму е и претседателката Гордана Силјановска-Давкова, во функција на врховен командант.

Од Министерството за одбрана информираат дека учеството на самитот е можност за размена на ставови за актуелните безбедносни предизвици и за јакнење на сојузничката соработка во рамки на НАТО.

На претстојниот Самит фокус ќе бидат неколку значајни теми меѓу кои и инвестициите наменети за одбраната, развојот на одбранбената индустрија и помошта за Украина.

Министерот Мисајловски во рамки на Самитот ќе учествува на Форумот за одбранбена индустрија; приемот за министри за одбрана организиран од турскиот министер за национална одбрана, Јашар Ѓулер и на церемонијата за приклучување на Франција, Финска и Шведска кон Мултинационалната соработка за воспоставување на НАТО обука за летање во Европа (NFTE – NATO Flight Training Europe).

Во Анкара министерот ќе оствари повеќе работни средби со неговите колеги министри за одбрана на сојузничките земји и ќе учествува на работниот состанок на  Северноатлантскиот Совет со партнерите од Индо-пацифичкиот регион (Австралија, Јапонија, Нов Зеланд и Република Кореја).

ПредходнаЃорѓиевски: Светна уште еден мост – Мал детал што носи голема разлика
СледнаЖителите на Кисела Вода може да аплицират за еднократна парична помош за штетите од невремето