Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вечерва во Анкара присуствувала на приемот организиран од турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

За приемот информираше Сиљановска-Давкова на Фејсбук.
– Во духот на сојузништвото и меѓусебната почит, со шефовите на држави и влади разменивме мислења за натамошното обликување на евроатлантската безбедносна архитектура, јакнењето на колективната одбрана и зацврстувањето на трансатлантското единство. Убедена сум дека со политичка мудрост, заемна доверба и цврста посветеност можеме да креираме решенија во служба на мирот, стабилноста и безбедноста, пишува во објавата.
Сиљановска-Давкова ја предводи македонската делегација на Самитот на НАТО што се одржува во Анкара.




