Во Собранието почна аманданската расправа за ребалансот на Буџетот. Поднесени се 224 амандмани, а вчера беа разгледани десетина со кои се бараше зголемување на платите на вработените во одбраната и Армијата и зголемување на средствата за пожарникарите.

Амандманите беа одбиени со образложение дека се водат преговори за нов колективен договор во кој е предвидено и зголемување на платите.
Седницата е закажана во 11:30 часот.




