дома Локално Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН не прифатија билет на ЈСП да важи...

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН не прифатија билет на ЈСП да важи 120 минути од првото валидирање

Одбиена беше и иницијативата која бараше воведување минимални техничко-хигиенски и безбедносни услови за автобусите на приватните превозници

На вчерашната седница на Советот на Град Скопје, на дневен ред не се најде иницијативата која ја предложи советничката на Левица, Дарја Мустафаоглу, со која се предлага временската важност при секое валидирање на билетите во автобусите да биде 2 часа откако ќе биде извршена валидизација.

Тоа, како што објасни советничката, во услови на лош автобуски превоз во кои одредени делови на градот не се воопшто поврзани, би им овозможило на граѓаните кога одат на работа да можат да сменат два или три автобуса без да плаќаат за секој поединечно.

ПредходнаКејт Мидлтон стана светска сензација, ги покажа витките нозе во црвени шорцеви! Никогаш не сме ја виделе ваква
СледнаСудскиот совет со поддршка за Даниела Димовска за претседател на Кривичниот суд во Скопје