дома Локално Топло и ветровито, утре и задутре најава за дожд и грмежи

Топло и ветровито, утре и задутре најава за дожд и грмежи

Управата за хидрометеоролошки работи за денеска најавува променливо облачно време со сончеви периоди. Во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој попладне наместа долж Повардарието повремено ќе засилува.

Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 20, а максималната од 29 до 36 степени.

Во Скопје, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди,а попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Следува период на претежно стабилно време. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен северен ветер. Во четврток и во недела се очекува локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

ПредходнаСиљановска-Давкова на прием кај Ердоган
СледнаЕксплозии во Иран. Америка: Започнавме силни напади