Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска пристигнува во земјава на средби со премиерот Христијан Мицкоски и вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали и со претседателот на Собранието Африм Гаши.
Кос ќе има тет-а-тет средба со Мицкоски по што е предвидено да одржат заедничка прес-конференција.

Во фокус на разговорите ќе биде евроинтегративниот пат на земјава и спроведувањето на реформската агенда. Ќе се разговара и за Планот за раст за Западен Балкан.
Според агендата, еврокомесарката ќе го посети и студетскиот дом „Стив Наумов“ реновиран со средства од Европската унија.




