дома Македонија Кривични за малолетниците од Аеродром кои малтретираа 12-годишно девојче

Кривични за малолетниците од Аеродром кои малтретираа 12-годишно девојче

Кривична пријава за двете малолетнички за „насилство“ и кривична пријава за двајца малолетници за „поттикнување“ и „неовластено снимање“ поднесе полицијата за случајот со врсничко насилство во скопската општина Аеродром.

Кривични пријави се поднесени и против пет родители за запуштање и малтретирање дете.

Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека целосно е расчистен случајот од 30 јуни кога во парк во Аеродром малолетнички физички малтретираа друго девојче, а дел од присутните малолетници снимаа со мобилни телефони.

– Од страна на ОКР Аеродром и Драчево во содејство со ОКР Кисела Вода до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава против две малолетнички за сторено кривично дело „насилство“, предвидено и казниво по чл. 386 од Кривичниот законик, против еден малолетник за сторени кривични дела „поттикнување“ предвидено и казниво по член 23 од Кривичниот законик во врска со член 386 став 1 од Кривичниот законик и „неовластено снимање“ предвидено и казниво по член 152 во врска со член 386 став 1 од Кривичниот законик, против еден малолетник за сторено кривично дело „неовластено снимање“ предвидено и казниво по член 152 во врска со член 386 став 1 од Кривичниот законик, како и против родителите И.В., М.В., М.П., И.А. и И.А. за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање на дете“ предвидено и казниво по член 201 од Кривичниот законик, информира полицијата.

ПредходнаЖртвите на принуден допинг во ГДР сè уште имаат здравствени проблеми денес
СледнаТело на починат маж извлечено од Пчиња кај Катлановска бања