дома Култура Македонската бруталистичка архитектура како сцена за електронска музика

Македонската бруталистичка архитектура како сцена за електронска музика

Нашиот DULELUD го претстави првиот сет од новиот серијал

 

На Меморијалната костурница во Кавадарци е снимен првиот диџеј сет од серијалот на нашиот продуцен и диџеј DULELUD.

Станува збор за проект кој ги спојува музиката со македонската архитектура, и токму затоа како прва локација е избрано едно од највпечатливите дела на бруталистичката архитектура во Македонија – Меморијалната костурница.

Локацијата е избрана поради нејзината историска, културна и архитектонска вредност, а целта е преку музиката да се претстави овој простор од поинаков, современ агол.

Музичката селекција е составена од Melodic, Progressive и Afro House композиции, а вклучува и авторски изданија на DULELUD како и (необјавена) музика од негови блиски пријатели и колеги диџеи и продуценти со кои соработувал низ годините.

Режијата и видео продукцијата се на Орце Поповски (PopPhoto), додека координацијата и снимањето со дрон на Нико Путица.

За проектот, кој е прв во серијалот, нашиот диџеј и продуцент вели:

„Ова е првиот диџеј сет од проект што го подготвувам веќе подолго време. Идејата е да снимам вкупно четири сета на уникатни локации низ Македонија, а кои претставуваат значајни примери на бруталистичката архитектура кај нас.

Со овој проект не сакам само да претставам музика, туку преку неа да ги промовирам архитектурата, историјата и културното наследство на нашата земја. Македонија располага со извонредни објекти од овој архитектонски правец, кои заслужуваат повторно да бидат видени и препознаени, не само кај нас, туку и надвор од државата.

Верувам дека музиката е еден од најубавите начини да се поврзат историјата,

културата и современата уметност. Затоа секој сет ќе биде снимен на различна локација, со цел преку едно аудиовизуелно доживување да се раскаже приказната за тие простори.

Ова е само почеток. До крајот на 2026 година планирам да бидат објавени сите четири диџеј сета, секој снимен на внимателно одбрана локација и се надевам дека проектот ќе придонесе повеќе луѓе да ги откријат и да ги доживеат овие места на еден поинаков начин, токму преку музика, уметност и визуелно раскажување“.

 

Предходна„Живи артефакти“ во КИЦ во Тирана
СледнаВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните гледаат дека координирани се ставовите на Венко Заев и Апасиев на штета на дијаспората