Бројот на жртви од земјотресите во Венецуела се искачи на 3.685, соопшти во понеделник Министерството за информации на земјата.

Речиси 18.000 луѓе останаа без покрив над главата по земјотресот, соопштија властите, објави Ројтерс.
Претседателот на венецуелскиот парламент, Хорхе Родригез, изјави дека 16.740 луѓе се повредени, додека 17.854 се раселени и сместени во привремени засолништа.
Земјотресите со јачина од 7,2 и 7,5 степени по Рихтер се случија на 24 јуни, со разлика од 39 секунди, а најтешко го погодија главниот град Каракас и крајбрежниот регион Ла Гваира.




