дома Uncategorized СДСМ по седницата на ИО: Секоја дебата треба да се води пред...

СДСМ по седницата на ИО: Секоја дебата треба да се води пред органите и телата на партијата, а не надвор од неа

Социјалдемократскиот сојуз по синоќешниот Извршен одбор на партијата ги повика сите социјалдемократи и прогресивни сили да застанат рамо до рамо.

На седницата на ИО бил донесен заклучок дека секоја дебата којашто се однесува на СДСМ треба да се води пред органите и телата на партијата, а не надвор од неа.

– Во оваа насока Извршниот одбор на СДСМ донесе заклучок јавно да ги повика на дебата во партијата сите поединци или групи, да дебатираме тука за борбата против криминалната власт на Мицкоски. Вратите на СДСМ се отворени за секој што и мисли добро и што споделува прогресивни вредности. Само низ дијалог и соочување на аргументите внатре во партијата може да се разговара, не преку медиуми, не преку вонпартиски иницијативи и платформи кои и прават штета и ја рушат партијата од внатре, се наведува во соопштениеето испратено по ИО на СДСМ.

Оттаму уверуваат дека партијата е силна, стабилна и има длабок корен.
– Во овој клучен момент, нема простор за вештачки создадени поделби, дефокусирање или внатрешни сопнувања. Единството е нашето најсилно оружје. Разликите во размислувањата се наша предност, но целта ни е и треба да ни остане заедничка – Фронтот за вистина и правда, велат од партијата.
Ваквиот став на ИО на СДСМ произлезе откако на 1 јули пратеничката Славјанка Петровска заедно со поранешни членови на СДСМ присуствуваше на промоција на платформата „Разговори за иднината во 12:05“.
Лидерот на СДСМ Венко Филипче рече дека за ова ќе се разговара на органите и телата на партијата. Новата платформа ја нарече уште еден политички проект на Христијан Мицкоски којшто во СДСМ го нарекуваат ЗНАМ 2.0. чија цел е да се ослаби опозицијата.
ПредходнаСкопје повторно ќе наздрави со стил, по осми пат „Вино на штикли“
СледнаЗападна Европа го забележа најтоплиот јуни досега