дома Свет Балкан Црна Гора: Кос, Пирц Мусар и Милановиќ специјални гости на приемот кај...

Црна Гора: Кос, Пирц Мусар и Милановиќ специјални гости на приемот кај Милатовиќ

По повод 13 јули, Денот на државноста на Црна Гора, претседателот Јаков Милатовиќ денес ќе биде домаќин на прием во Цетиње, на кој европскиот комесар за проширување Марта Кос и претседателите на Словенија и Хрватска, Наташа Пирц Мусар и Зоран Милановиќ, се најавени како специјални гости.


„Нивното присуство претставува силна потврда за пријателството, почитта и поддршката за Црна Гора во време кога нашата земја е во последната фаза од својот европски пат“, се вели во соопштението од кабинетот на Милатовиќ.
На приемот ќе присуствуваат бројни гости од политичкиот, дипломатскиот, културниот, научниот, економскиот и јавниот живот, како и претставници на институции и меѓународни организации.
„Овогодинешното одбележување на Денот на државноста има посебна симболика бидејќи се совпаѓа со годината во која Црна Гора одбележува две децении од враќањето на независноста и влегува во последните фази од процесот што треба да ја доведе до членство во Европската Унија“, се вели во соопштението.
Приемот, велат тие, ќе биде можност да се одбележи еден од најважните датуми во црногорската историја, со домашни и меѓународни гости, и да се испрати порака за единство, пријателство и одговорност кон иднината на Црна Гора“, соопшти кабинетот на црногорскиот претседател.

ПредходнаТрамп објави фотографии и видеа од нападот врз Иран синоќа: „Ова е одмазда“
СледнаАмериканските држави се закануваат со тужба против спојувањето на „Парамаунт“ и „Ворнер Брос“