дома Свет Пожар го зафати Милано

Пожар го зафати Милано

Властите во Милано апелираа до десетици илјади луѓе да ги држат прозорците и вратите затворени откако избувна голем пожар во северниот италијански град, објави ДПА.

Пожарот избувнал во среда навечер во логистичкиот центар на компанија за достава на пакети во северниот дел на Милано, соопшти противпожарната служба. Причината првично не беше јасна.

Се слушнале и експлозии. Густи столбови од црн чад се издигале над населбата и можеле да се видат од километри оддалеченост. Неколку возила биле целосно изгорени.

Првичните извештаи велеа дека нема повредени. Сепак, како мерка на претпазливост, властите ги повикаа жителите да останат во затворен простор.

Просториите на компанијата и неколку околни улици беа блокирани.

Складиштето содржело бројни пратки електронски уреди , кои биле уништени од пламенот. Неколку десетици противпожарни возила биле испратени на местото на инцидентот.

ПредходнаНамален притисок или недостаток на вода во Бардовци
СледнаЗаконот за високо образование пред пратениците