Социјалдемократскиот сојуз по синоќешниот Извршен одбор на партијата ги повика сите социјалдемократи и прогресивни сили да застанат рамо до рамо.

На седницата на ИО бил донесен заклучок дека секоја дебата којашто се однесува на СДСМ треба да се води пред органите и телата на партијата, а не надвор од неа.
– Во оваа насока Извршниот одбор на СДСМ донесе заклучок јавно да ги повика на дебата во партијата сите поединци или групи, да дебатираме тука за борбата против криминалната власт на Мицкоски. Вратите на СДСМ се отворени за секој што и мисли добро и што споделува прогресивни вредности. Само низ дијалог и соочување на аргументите внатре во партијата може да се разговара, не преку медиуми, не преку вонпартиски иницијативи и платформи кои и прават штета и ја рушат партијата од внатре, се наведува во соопштениеето испратено по ИО на СДСМ.




