дома Култура Македонски млади стрип-таленти на меѓународниот фестивал „Инкубатор“ во Јошаничка Бања

Македонски млади стрип-таленти на меѓународниот фестивал „Инкубатор“ во Јошаничка Бања

  Во организација и под покровителство на групацијата „Стрип Центар-стрипот може“ од Велес  младите македонски стрип –таленти: студентката   Ангела Петрушевска и средношколците  Јасмина Јовчевска и Андреј Јовановски од денеска до 13 јули ќе творат со врвни балкански и  светски стрип автори учесници на 14-та Меѓународна стрип колонија во  Јошаничка Бања, Србија.

Млади стрип-таленти  ја претставуваат Македонија на меѓународниот фестивал „Инкубатор“ во Јошаничка БањаГодинава, традиционалната 14-та Меѓународна стрип-колонија во Рашка прераснува во нов, проширен формат како дел од првиот Фестивал на стрип „Инкубатор“. Годинешната програма на фестивалот е исклучително атрактивна за публиката и учесниците.Воедно  списокот на едукатори покрај еминентните предавачи се надополнува и со познатиот професор Владимир Весовиќ од Белград, кој со децении ја негува новата стрип-генерација на Балканот.

Свечено отворање  на фестивалот е вечер  (20:30 ч.) во Јошаничка бања, Рашка,  со промоција на деветтиот број на реномираната стрип-ревија „Rascomic“ на уредникот Горан Трајковиќ.

Утре  – петок на програмата се  интензивни стрип-работилници водени од познатите илустратори Љиљана Стризе Трајковиќ од Врање , Драган Стокиќ Рајачки од Заечар и Дарко Стојановиќ од Белград

На 11 јули во сабота е  Централна изложба во Бањскиот комплекс со промоција на стрипот „Skupljači perja rano lete“, по што ќе следува голем славенички концерт на познатиот репер Вуду Попај (Vudu Popaj) кој прославува 30 години на сцената.

На 12 јули во недела е  ексклузивното  стручно предавање на светски познатиот илустратор и визуелен уметник, Бобан Савиќ Гето.

Настанот е поддржан од Општина Рашка, Центарот за култура „Gradac“, Клубот на ликовни уметници „Рашка школа“ и Канцеларијата за млади.

Инаку делата што македонските млади стрип таленти ќе ги создадат за време на колонијата традиционално ќе бидат презентирани пред регионалната јавност заедно со учесниците од другите земји.

 

ПредходнаКако е да се живее во најдобриот град на светот?
Следна„Кинотека на Скопско лето“ – седум филмски вечери на македонската филмска уметност