дома Локално Во Општина Битола заседаваше локалниот Совет за превенција, отворени повеќе проблемски теми

Во Општина Битола заседаваше локалниот Совет за превенција, отворени повеќе проблемски теми

  Претставници на Општина Битола, СВР Битола, Центарот за социјални работи, ЈП „Комуналец“ оддел за прифатилиштето „Хачико“, како и од противпожарната единица на Битола, одржаа редовна седница на локалниот Совет за превенција.

На седницата под претседателство на градоначалникот Тони Коњановски беше беше информирано за ситуацијата со деца малолетници во локали во ноќните часови, за кражбите, измамите, дрогата, како и разгледување на проблемот со нарушувањата на јавниот ред и мир, сообраќајот, електричните тротинети, мопеди и непрописното паркирање, посочија од тамошната локална самоуправа.

Од секторот за односи со јавност на Општина Битола информираа дека на седницата се зборувало и за проблемот со деца и возрасни лица кои просат на Широк сокак и во угостителски објекти и за тоа каква е состојбата со уличните кучиња и што презема прифатилиштето „Хачико, како и за состојбата со пожарите.

За сите отворени теми, Советот за превенција ќе преземе конкретни превентивни мерки согласно надлежностите на секоја институција која е дел од ова локално тело

ПредходнаПожар избувна на Крит, помага хеликоптер во гаснењето
СледнаМакедонски државјани дел од криминална банда уапсени во Драч