Собранието со едночасовен настан ќе го одбележи Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница.
Според објавените податоци од веб страницата на Собранието, на настанот ќе се обратат претседателот на Собранието Африм Гаши, пратеникот од Левица Амар Мециновиќ, претседателот на Комитетот за односи меѓу заедниците Аднан Азири и професорот Ферид Мухиќ.





