За денеска се најавува сончево време со мала облачност и слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се движи во интервал од 11 до 20, а дневната ќе достигне од 28 до 34 степени.

Во Скопје, слично време со утринска температура до 15 степени и дневна до 34 степени.
Во недела ќе има преодна дестабилизација на времето со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер претежно од северозападен правец.
Од понеделник повторно следува период на претежно стабилно и топло време.




