дома Локално Градоначалникот Лукровски на увид на градежните работи во Бардовци

Градоначалникот Лукровски на увид на градежните работи во Бардовци

Градоначалникот Сотир Лукровски денеска изврши увид во тековните
градежни активности што се реализираат на неколку локации во у.з. Бардовци. Во
непосредна близина на станбениот комплекс „Бахаш“ во тек е реализација на
инфраструктурен зафат кој опфаќа асфалтирање на три улици во вкупна должина
од 663 метри.

Градежните активности на оваа локација опфаќаат и изградба на
нови троторари, рабници, како и поставување на нови столбови за улично
осветлување.

Со ова ќе се овозможи побезбедно движење на пешаците и возилата, а со
тоа ќе се зголеми и квалитетот и условите за жителите од овој дел од населбата.
Паралелно со овој градежен зафат, се изведуваат инфраструктурни активности и
на улицата 1687, каде што се врши целосно асфалтирање на коловозот и изградба
на нови тротоарски површини. Во тек на градежните работи, економските
оператори ја поставија и својата комуникациска подземна мрежа со што оваа
улица добива конечен, современ и функционален лик и намена.

При увидот, градоначалникот Лукровски истакна дека Општина Карпош
продолжува со реализација на капиталниинфраструктурни проекти во сите урбани
заедници, кои директно придонесуваат за создавање на рамномерен развој на
општината и подобрување на квалитет на животот на карпошани.

 

ПредходнаФилипче: Празните фрижидери се најдобриот демант за приказните за трета економија во Европа
СледнаВесна Јаневска најави можно затворање на универзитети во земјава