дома Македонија На неколку дена до крајниот рок, нема поместувања за Изборниот законик

На неколку дена до крајниот рок, нема поместувања за Изборниот законик

На неколку дена до крајниот рок за новиот Изборен законик, се поизвесно е дека нема да се изгласа. Нема поместување во ставовите на политичките партии. СДСМ останува на ставот да не се брза со новите начини на гласање на дијаспората и да се формира експертска група која ќе работи на оваа проблематика, а од ВМРО-ДПМНЕ ваквиот потег го оценуваат како алиби за изборниот пораз на опозицијата на следните избори.

Лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче денеска изјави дека СДСМ ја поддржува европската агенда, но нема да прифати механизми што го доведуваат во прашање легитимитетот на изборите.
Доколку се повлече спорниот член за промена на начинот на гласање на дијаспората, Филипче вели дека може да се отвори сериозна и институционална дебата за други можни решенија.
– Ако го тргнат членот во кој што се менува досегашниот начин на гласање на дијаспората, и да се согласат, еве нека се формира работна група, која што доколку треба, може да разговара за некој начин соодветен, како поинаку би гласала дијаспората, да им се олесни, но не со примери какви што во Европа до сега не функционирале ниту една европска земја тоа не го направила, иако се обидела, многу поразвиени на нас, со многу поголема контрола на системот, електронско гласење или по пошта, еве да го дебатираме, па во следниот период нека заклучи некој експертска работна група кој што ќе анализира примери од други земји, дали е потребно и на кој начин треба да се смени гласењето на диаспората кај нас, рече Филипче.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски ваквото барање на опозицијата го гледа како причина да не се заврши работата.
– Ако сакате некоја работа да не се заврши, тогаш формирајте група или комисија. Побаравме од опозицијата да собере експерти и да предложи текст во којшто ќе биде вклучена и методологија како дијаспората поинтензивно да гласа, а ние веднаш ќе го

поддржиме тој предлог,  но тоа не се случи. СДСМ четири месеци работеа во Парламентот, но потоа со Левица одлучија да го блокираат процесот под изговор дека со гласањето на дијаспората ќе се украдат изборите. Тие се свесни дека на следните парламентарни избори ќе доживеат изборен дебакл, а Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги подготвува претседателските избори во 2029 година и се исплашени дека тие претседателски избори ќе бидат украдени. Тоа значи дека мислат дека ние правиме исто како што правеле и тие, изјави денеска Мицкоски.

ПредходнаВесна Јаневска најави можно затворање на универзитети во земјава
СледнаМакедонија повеќе не е на европската агенда поради Мицкоски