дома Македонија Груевски во објава на Фејсбук: Становите не се мои, Камчев беше уценет...

Груевски во објава на Фејсбук: Становите не се мои, Камчев беше уценет за да ја спаси мајка си да не оди во затвор

Поранешниот премиер Никола Груевски кој избега во Будимпешта преку објава на Фејсбук демантира дека становите што денеска беа ставени на продажба се негови.

Во подолга објава, Груевски вели дека становите не се негови и дека се било резултат на криминален политички мотивиран судски процес во кој целта и мотивите беа политички и лични.
– Секој кој ја следеше судската постапка внимателно и кој памети што се случуваше, памети дека обвинителството не докажа ниту дека сум платил едно евро за тие станови (и земја), ниту дека биле во моја сопственост, ниту од каде пари за тоа (на почетокот тврдеа дека сум ги земал парите од партијата, но официјален преставник на самата партија во својство на сведок во судницата го демантираше тоа со ништо не поткрепено тврдење). Ниту пак докажаа некакво движење на некои пари во кое сум вмешан барем индиректно јас, ниту било што друго што би асоцирало дека имам било каква врска со тие станови и земјишта за кои ме обвинуваа, стои во објавата.
Според Груевски, Јордан Камчев кој исто така бил неправедно обвинет, во целата постапка се држел достоинствено и до вистината, се до пред самиот крај, кога подлегнал на уцените.
– Пред да се одржи последната судска сесија во која Камчев имаше збор, тој беше повикан во обвинителството кај тогашната обвинителка Лиле Стефановака (онаа за која обвинителката Кадриу во интервју неодамна раскажа во медиумите дека барала да и направат спална соба во обвинителството). Таа му ја соопшти уцената дека ако не каже така како што таа бара од него (читај Зоран Заев), веќе е договорено тој да добие затвор од 12 години, а неговата мајка Ратка Камчева и главниот правник од неговата фирма, слични екстремно високи долгогодишни затворски казни. Во тој момент, Јордан Камчев, за да се спаси себе си, мајка си и еден од најблиските соработници, прифати во целсот да ја промени приказната која ја говореше две години и да жртвува три стана од зградата која тој ја градел, пишува меѓу другото Груевски во објавата.
Го обвинува поранешниот премиер Зоран Заев дека вршел пристисок врз судиите за да донесат такви пресуди и да ги отфрлат аудио снимките на кои се слушало како Камчев тврди дека нема врска со земјата за која е обвинет Груевски.
ПредходнаНовинари на „Њујорк тајмс“ повикани на суд поради известување за „Ер Форс Уан“
СледнаПожар во сендвичарата „Baking Bread“ во Центар