
За вкупна почетна цена од 2.457.000 евра, државата повторно ги стави на продажба трите луксузните станови на Водно, кои Обвинителството ги презентираше како скриен имот на екс премиерот Никола Груевски, а кои беа конфискувани со пресудата за случајот „Плацеви на Водно“.Овие апартмани досега два пати беа ставени на продажба, но немаше заинтересирани купувачи.

Вториот стан е со големина од 199 квадрати, со балкон од 48 метри квадратни. Наддавањето за него ќе почне од 847.000 евра.
Третиот е речиси со идентична големина, односно од 200 квадратни метри и со балкон од 48 квадрати. Неговата почетна вредност е проценета на 850.000 евра.

Сите заинтересирани потенцијални купувачи ќе имаат можност да ги разгледаат становите на 16 јули, а електронското надавање ќе се оддржи на 29 јули.
Груевски за „Плацеви на Водно“ првостепено беше осуден на седум години затвор, а Апелација ја преиначи пресудата и му ја зголеми казната на девет години затвор. Во предметот, Груевски, покрај за нелегалното купување на плацеви на Водно, осуден е и за злоупотреба на партиските донации.
Според обвинението, во периодот од јуни 2006 до октомври 2012 година, тој како лидер на партија наместо да прикаже пари како примени донации во ВМРО-ДПМНЕ, за себе прибавил 1,3 милион евра, а потоа ги пуштал во оптек и купувал парцели на Водно.




