дома Свет Франција: 24 региони во црвена тревога поради жештина

Франција: 24 региони во црвена тревога поради жештина

Француската метеоролошка служба денес прогласи црвена тревога поради топлотен бран во 24 региони, вклучувајќи го целиот регион Ил де Франс.


Ова е трет топлотен бран во Франција од мај, а највисокото ниво на тревога е воведено во северозападниот дел од земјата, јавува телевизијата BFM.
56 департмани се под портокалова тревога поради високите температури.
Се очекува температурите да достигнат 39 степени Целзиусови во сабота во Бордо и Рен, 38 степени во Аленсон и Осер, 37 степени во Тулуз, Лион и Нант, додека 36 степени се очекуваат во Париз.
Институтот за метеорологија предупреди дека високите температури би можеле да претставуваат ризик и за здравите луѓе, особено за спортистите и луѓето кои работат на отворено, поради ризикот од топлотен удар.
Регионот Ил де Франс, со околу 12 милиони жители, е во максимална тревога по втор пат оваа година поради екстремна топлина.
Портокаловата тревога е укината за неколку департмани на југот од земјата по значителното опаѓање на температурите.

ПредходнаКоктел Емерсон: Класикa на заборавениот џин
СледнаАракчи: Иран го одржа својот збор, САД го кршат меморандумот