дома Македонија МВР објави па избриша фотографија направена со ВИ

МВР објави па избриша фотографија направена со ВИ

Министерството за внатрешни работи ја избриша фотографијата што ја објави на Фејсбук за пронаоѓањето на романскиот државјанин на Матка.
Првичната фотографија отвори сомнеж дека е направена со вештачка интелигенција, а доказ за тоа е раката поставена на ранецот на спасеното лице која не може да се поврзе со ниту еден од полициските службеници.
      Она што дополнително отвори сомнеж за автентичноста на фотографијата е и податокот од Центарот за управување со кризи дека лицето е пронајдено рано наутро во 03:45 часот, а на фотографијата се гледа брод со повеќе лица во позадина.

ПредходнаПод притисок на јавноста, решен случајот со младата кумановка
СледнаСДСМ се изјасни-нема да учествува на утрешната средба организирана од Левица